Почетна » Новости » Животни стории » „Му даваат супер моќи“: Момче болно од рак прима хемотерапии во костими од суперхерои

„Му даваат супер моќи“: Момче болно од рак прима хемотерапии во костими од суперхерои

Грејсон Џонсон е вистински борец. 5-годишното момче води тешка битка со ракот, а притоа сила „добива“ од омилените суперхерои.

Кога прима хемотерапии, храброто детенце се облекува во костими од Спајдермен, Бетмен и Ајронмен, бидејќи неговите родители му велат дека тие „му даваат супер моќи“.

„Прават да се чувствува храбро“ – вели неговата мајка Алисија.

Грејсон

Грејсон бил пресреќен што им мамел насмевки на останатите дечиња кои примаат хемотерапии. „Тој се возбудува кога ги гледа реакциите на другите деца. Застана и тие му мавтааа. ‘Мамо, Мамо, еве го Спајдермен’– викаа. Тој ме погледна и ми рече: 'Моите хемопријатели се многу среќни'“ – раскажува неговата мајка.

Грејсон Грејсон Грејсон

Мајката Алисија со тешко срце се присетува на болните моменти при откривањето на болеста.

„Дијагнозата беше страшна. Постојано мислев дека имаат грешка кога ни велеа дека нашето 5-годишно дете има рак“ – објаснила мајката.

„Направија уште тестирања и ни кажаа дека има тумор во неговиот бубрег и мора итно да оди на операција за му го отстранат целиот бубрег. Потоа ќе мора да му направат порт во градите за да започнат со хемотерапија. Тоа беше еден од најстрашните денови за нашето семејство. Со сопругот само седевме и плачевме“ – додала таа.

Грејсон Грејсон Грејсон Грејсон Грејсон

Алисија не крие дека доби одлична поддршка од општеството. „Родители ме контактираат за да ми кажат дека им се допаѓа тоа што го прави син ми и дека такви нешта ни се потребни во светот. И други борци со рак ме контактираа за да ми кажат дека Грејсон им дава сила“ – изјавила таа.

Грејсон Грејсон Грејсон Грејсон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.