Почетна » Новости » Животни стории » Мајка херој ги изгуби двете нозе спасувајќи ги своите деца од торнадо

Мајка херој ги изгуби двете нозе спасувајќи ги своите деца од торнадо

Мајката во секој момент е подготвена буквално на сè за да ги заштити своите деца. Стефани Декер е вистински пример дека кога се заканува опасност, мајката не мисли на сопствениот живот и жртвува сè за да ги заштити своите најмили.

Додека торнадото дивееше над нејзината куќа, 37-годишната Американка со своето тело ги заштити своите две мали деца. Стефани ги спаси своите деца кои не добија ниту гребнатинка, но во текот на спасувањето ги изгуби двете свои нозе.

Стефани Декер во болничкиот креветСтефани Декер во болничкиот кревет

Од болничкиот кревет Стефани раскажа за ужасот што го доживеале поради торнадата кои во САД зедоа 39 човечки животи.

Кога мрачното торнадо се доближило до нивниот дом во Хенривил, Индијана, храбрата Стефани знаела дека треба да преземе нешто. Ги зела 8-годишниот син Доминик и 5-годишнта ќерка Рис и заедно слегле во визбата.

Стефани и Џо со своите децаСтефани со сопругот Џо и двете деца Доминик и Рис

„Воопшто не го очекував тоа. Никогаш, ниту во илјада години, не би си помислила дека мојата куќа ќе биде одвеана од торнадо. Претпоставував дека сум на безбедно и тогаш го слушнав бучењето како од воз, го слушнав зад мене и знаев дека доаѓа. Беше толку гласно што знаев дека треба да направам нешто поразлично. Знаев дека седењето внатре не е доволно“ – раскажала Стефани за ABC.

Додека куќата се распаѓала над нив, Стефани ги покрила децата со јорган за да ги заштити.

„Можев да го видам ветерот. Можев да го видам прозорецот како одлетува и куќата како се распаѓа“ – изјавила таа.

РушевиниРушевините од куќата на семејството Декер

Остатоци од куќата паднале над Стефани и таа знаела дека има сериозна повреда на нозете. „Знаев дека ногата ми е едвај прикачена за телото или дека е целосно откината. Не знаев што е, но знаев дека е лошо. Ако не добиев помош за кратко време, ќе искрварев до смрт. Се сеќавам на сè. Останав свесна цело време. Не можев да си дозволам да се онесвестам“ – објаснила таа.

Во тие тешки моменти, во улогата на херој влегол нејзиниот мал син, кој излегол од под мајка си и отишол да побара помош. „Мојот син е херој. Тој отиде да бара помош“ – изјавила Стефани и раскажала дека таа воопшто не ни можела да вика, бидејќи имала скршени ребра.

Набрзо дошла брза помош и Стефани била префрлена в болница, каде што двете нозе ѝ биле ампутирани.

„Љубовта кон моите деца е поголема од сè на овој свет. Ако не успеев да преживеам и ако умрев тој ден, барем моите деца ќе беа во ред“ – додала Стефани.

Сопругот на Стефани, Џо Декер, изјавил дека живееле во куќата од соништата и дека кога ја граделе, Стефани многу сакала во плочата да бидат отпечатоците од рацете на нивните деца. Сепак, тој не жали за куќата, бидејќи знае дека го има најважното – своето семејство.

Од нивната куќа не остана буквално ништо, но во плочата сè уште можат да се видат малите раце и имињата на Доминик и Рис.

Отпечатоци од рацете на Доминик и РисОтпечатоците на Доминик и Рис во плочата на куќата

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20785 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.