Ешли Замбели е мајка на три девојчиња со Даунов синдром, која сега на 23-годишна возраст откри дека и самата го има истото нарушување.
Корисничката на TikTok била шокирана кога дознала дека и третото бебе во нејзината утроба ќе има Даунов синдром, па ја советувале и самата да направи испитување.
На нејзино големо изненадување, резултатите од тестирањето излегле позитивни на мозаичен Даунов синдром.
Ешли ја споделува својата приказна на социјалните мрежи со цел да ја подигне свеста за веројатноста на ваквата ситуација и кај други парови.
„Беше шок за сите нас кога дознавме дека сум бремена со уште едно бебе кое има трисомија 21. Сфативме дека можеби не е случајност“ – рекла Замбели и додала дека нејзиниот гинеколог ѝ предложил да направи испитувања за хромозомска абнормалност.
Ешли на социјалните мрежи споделува моменти од секојдневието со ќеркичките Лилијан, Евелин и Кетрин, која се роди изминатиот април. Таа не крие дека имала седум бремености, од кои четири завршиле со спонтан абортус. „Имав седум бремености, од кои четири беа спонтани абортуси. Еден од абортусите беше со син со трисомија 21“ – вели таа.
@ashleyzambelli #greenscreen #downsyndromeawareness #mosaicdownsyndrome #trisomy21 #extrachromiehomie #genetictesting #testresults #momwithdownsyndrome ♬ original sound - Ashley Zambelli
По споделувањето на оваа вест, Ешли добивала многу прашања за симптомите и компликациите од мозаичниот Даунов синдром. Во видео кое го објави за да одговори на тие прашања, Ешли открива дека има синусна тахикардија, опуштеност на лигаментите и компликации со вилицата.
@ashleyzambelli Replying to @sarahrn.a Video number 30 in my “mosaic Down syndrome” playlist has the whole list of ways it affects me #mosaicdownsyndrome #extrachromiehomie #downsyndrome #momwithdownsyndrome #downsyndromeawareness #mosaicdownsyndromeawareness #mamasoftiktok #mamasontiktok ♬ original sound - Ashley Zambelli
@ashleyzambelli #downsyndrome #extrachromiehomie #trisomy21 #extrachromosome #theluckyfe #mosaicdownsyndrome #downsyndromeawareness #mamasoftiktok #mamasontiktok ♬ Do It Better