Почетна » Новости » Занимливости » 18-месечно дете со Даунов синдром е супер-херој кој лета на фотографиите на татко си

18-месечно дете со Даунов синдром е супер-херој кој лета на фотографиите на татко си

Татко создаде прекрасен фото-серијал од синот со Даунов синдром. На фотографиите, тој го претставува малото детенце како супер-херој кој лета низ животот без никакви ограничувања.

Фотографиите на Ален Лоренс Фотографиите на Ален Лоренс

Кога фотографот Ален Лоренс од Јута дознал дека неговиот син Вил има Даунов синдром, се чувствувал засрамено и мислел дека тоа ќе биде огромна пречка за неговото семејство. Но сега, 18 месеци по неговото раѓање, чувствата на Ален се тотално различни. „Бев вознемирен кога се роди, зашто имав предубедувања дека ќе треба да се пензионирам од животот и ме фрустрираше помислата дека нема да го имам животот што мислев дека ми е потребен. Бев засрамен и не споделував фотографии на кои Вил е со отворени очи, бидејќи знаев дека така луѓето ќе можат да видат дека има Даунов синдром. Бев себичен затоа што се плашев дека Вил ќе биде товар и измачување за нашето семејство“ – признал Ален, кој е татко на уште четири други деца.

Фотографиите на Ален Лоренс Фотографиите на Ален Лоренс Фотографиите на Ален Лоренс

Малку по малку, Лоренс започнал да ги открива убавите страни на малиот Вил кој „донел светлина во семејството“. Сакајќи да ги отстрани сите ограничувања кои стојат пред него, Ален започнал да создава фотографии на кои Вил е претставен како херој кој лета низ секојдневието.

Фотографиите на Ален Лоренс Фотографиите на Ален Лоренс

„Кога Вил беше мал, тој ќе легнеше на стомак со подигнати раце и нозе како да лета. Ниту едно од моите други деца не правеше нешто слично“ – рекол Ален. „Овие фотографии на кои Вил лета придобиваат посебно значење за мене кога размислувам на уникатните предизвици со кои Вил ќе се соочува додека расте. Се надевам дека ќе го научам дека дури и со хендикепот кој го има, тој може да постигне сè што ќе науми“ – додал тој.

Фотографиите на Ален Лоренс Фотографиите на Ален Лоренс Фотографиите на Ален Лоренс

Целта на фотографиите на Лоренс е да ја подигне свеста за Даунов синдром и да покаже дека децата кои го имаат овој синдром треба да бидат прифатени како сите останати. „Другите мои деца се возбудени што се дел од патувањето на Вил. Тој нè има научено многу за сочувствувањето“ – рекол Ален, додавајќи дека Вил е како рок ѕвезда во соседството.

Фотографиите на Ален Лоренс Фотографиите на Ален Лоренс Фотографиите на Ален Лоренс Фотографиите на Ален Лоренс Фотографиите на Ален Лоренс

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20792 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.