Адалин МекГвајр боледува од неизлечив рак и не се знае уште колку денови ѝ остануваат на овој свет, па токму затоа доби прекрасна предвремена прослава за
Изненадувањето за Адалин било организирано пред вистинскиот роденден, бидејќи родителите стравувале дека нема да успее да го дочека.
„Не бевме сигурни дали ќе го дочека роденденот, па си помисливме ‘Ајде да направиме забава порано’“ - изјавила мајката Стефани.
Адалин страда од агресивен тумор на мозокот, кој ѝ бил откриен кратко време по нејзиниот трети роденден.
„Адалин започна да се жали дека ја боли главата, многу се сопнуваше и едно утро не можеше да стане“ – открила мајката и додала дека Адалин не можела да го движи десното око.
Кон средината на јули 2022 година, Адалин примила 30 рунди на хемотерапија во период од шест недели. „Таа изгуби многу коса, но тоа не ѝ пречеше. Таа повторно ги носеше плетенките на ‘принцезата Елза’“ – рекла Стефани.