Позитивните вести за мали херои секогаш ни вдахнуваат надеж.
Мало бебенце, родено со тежина од само 940 грама се избори за својот живот и сега во добра здравствена состојба си замина дома со родителите.
Веста за малиот Едон ја споделија од Клиниката за Гинекологија и Акушерство во Скопје, каде новороденчето престојуваше 77 дена по своето раѓање.
„Уште една убава приказна за мал и вистински борец доаѓа од Клиниката за гинекологија и акушерство.“
„По 77 дена поминати на Одделението за интензивна нега и терапија (ОИНТ) на ЈЗУ У ГАК, вчера малиот Едон Спахију си замина дома во добра општа состојба и со уреден наод на виталните функции.“
„Роден е во 27 гестациска недела со тежина од само 940 грама, а го испративме со телесна тежина од 2110 грама.“
„На Едон му посакуваме многу здравје, радосно детство и среќа.На неговите родители им благодариме за трпението и за соработката во периодот на заедничката борба во која најголема заслуга има малиот борец Едон“ – пишува на фотографиите.