Почетна » Новости » Животни стории » Една на 50 милиони: Трудница родена со две матки носи по едно бебенце во секоја од нив

Една на 50 милиони: Трудница родена со две матки носи по едно бебенце во секоја од нив

Келси Хачер од Алабама е во блажена состојба, но нејзината бременост е навистина ретка.

32-годишната мајка е родена со две матки и сега истовремено носи по едно бебенце во секоја од нив. Среќната трудница вели дека со сопругот биле комплетно изненадени кога им била соопштена оваа вест за време на прегледот со ултразвук.

Според доктор Ричард Дејвис, шансите жена да биде бремена истовремено во двете матки се „една на 50 милиони“.

Келси Хачер

Келси дознала дека има две матки и два цервикси кога имала 17 години. Таа и нејзиниот сопруг Кајлеб веќе имаат три деца помали од седум години и досега немала никакви компликации во бременостите.

„Не знам што се случи поразлично овојпат, но лудо е“ – со насмевка изјавила Хачер.

Келси Хачер Келси Хачер Келси Хачер

Келси моментално е во 34-тата недела од бременоста и треба да се породи кон крајот на декември.

Докторот Дејвис изјавил дека постојат различни сценарија за породувањето. Бебињата може да се родат по природен пат во период од неколку часа или неколку денови, но доколку се појават компликации, ќе мора да биде извршен царски рез.

„Може да се родат во период од неколку минути, или може да бидат разлика со неколку дена. Толку е непредвидливо и затоа имавме многу разговори со Келси за да ја подготвиме за различни сценарија“ – рекол тој и потенцирал дека може да дојде и до ситуација едното бебе да се роди по природен пат, а другото со царски рез.

Келси рекла дека бременоста се одвива во најдобар ред, само во првите месеци чувствувала повеќе замор отколку во претходните три бремености.

„По првиот триместар многу работи беа слични како првите бремености, само што чувствував движење на две бебиња“ – рекла таа и дополнила дека кога ќе легне, стомакот како да ѝ се разделува насредина, односно секоја матка си има по една страна.

Децата на Келси и Кајлеб имаат 7, 4 и 2 години.

Келси Хачер Келси Хачер Келси Хачер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.