Почетна » Новости » Животни стории » Мајката која во двете матки носеше по едно бебенце се породи и позираше со новороденчињата

Мајката која во двете матки носеше по едно бебенце се породи и позираше со новороденчињата

Келси Хачер ги донесе на свет своите две мали чуда. Мајката од Алабама, која е родена со две матки и забремени истовремено во двете, се породи и роди здрави бебенца.

32-годишната Американка и нејзиниот сопруг добија две ќеркички, кои се родија во различни денови. Малата Рокси Лејла се родила на 19 декември по природен пат, а нејзината сестричка Ребел Лејкен се родила на 20 декември со царски рез.

Хачер

„Тие одлучија дека не е доволно што статистички се толку ретки, што мораше да имаат и различни родендени“ – рекла мајката, алудирајќи на фактот што шансите жена да биде бремена истовремено во двете матки се „една на 50 милиони“.

Хачер
Хачер

Келси дознала дека има две матки и два цервикси кога имала 17 години. Таа и нејзиниот сопруг Кајлеб веќе имаат и три други деца и досега немала никакви компликации во бременостите.

„Не знам што се случи поразлично овојпат, но лудо е“ – со насмевка изјавила Хачер.

Хачер Хачер

Децата на Келси и Кајлеб имаат 7, 4 и 2 години.

Хачер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.