Почетна » Новости » Занимливости » 1 во 500 милиони: Жена со две матки забремени истовремено во двете и роди здрави бебиња

1 во 500 милиони: Жена со две матки забремени истовремено во двете и роди здрави бебиња

Раѓањето на близначиња е мошне често, но раѓањето на бебиња од две различни матки е супер ретко, поточно шансите се еден во 500 милиони. Токму затоа доаѓањето на свет на Пајран и Попи се нарекува и „медицинско чудо“.

Џенифер Ешвуд

Џенифер Ешвуд останала вчудовидена кога на прегледот во 20-тата недела од бременоста докторите ѝ кажале дека има две матки и дека во двете носи бебе.

Состојбата „двојна матка“ не влијае негативно на зачнувањето, но го зголемува ризикот од спонтан абортус и предвремено породување. Најчесто жените кои имаат две матки носат бебе само во едната. На светско ниво, досега се регистрирани помалку од сто случаи на истовремено раѓање на бебиња од две матки.

Џенифер Ешвуд

Бебињата Пајран и Попи биле родени во 34 недела од бременоста со царски рез.

Џенифер Ешвуд

За необичното проширување на семејството, Џенифер изјавила: „Да имаш две матки е реткост сама по себе, а да имаш јајце клетка во двете и потоа тие да бидат оплодени и двете да бидат на вистинското место на одреден начин е чудо. Си мислиш дека го познаваш своето тело, но испаѓа дека не е така. Има многу, многу работа дома. Не спиеме многу ама немаше да спиеме и ако беше само едно бебе. Сега се двојно повеќе прегратки и двојно повеќе љубов.“

Џенифер Ешвуд

Џенифер и нејзиниот сопруг Ендрју имаат и 8-годишна ќерка.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20783 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.