Почетна » Новости » Животни стории » Добрина на дело: Медицинска сестра посвои самохрана мајка која роди три бебиња на 14 години

Добрина на дело: Медицинска сестра посвои самохрана мајка која роди три бебиња на 14 години

Катрина Мулен има огромно срце полно добрина.

Медицинската сестра посвои девојка која на само 14 години роди три бебенца на одделот за неонатологија кадешто Мулен работеше.

45-годишната Американка го отвори своето срце и својот дом за младата самохрана мајка во моментите кога ѝ била потребна најголема помош.

Катрина Мулен и Шераја со децата Катрина Мулен и Шераја со децата

Шераја Смол се породила предвреме во август 2020 година во 26-тата недела од бременоста. Секое бебенце тежело помалку од 900 грама и долго време по раѓањето престојувале во болницата.

„Неонаталната интензивна нега е многу страшна, има многу жици, аларми, титкања, респиратори и сите тие нешта кои знаев дека Шераја нема да ги разбере. Не знае што се случува, а се работи за три бебиња“ – изјавила Катрина.

Катрина Мулен и Шераја со децата

Секојдневно, таа ја гледала младата девојка како седи покрај инкубаторите на новороденчињата и си поставила мисија да ѝ помогне во секоја ситуација во која може.

Катрина ѝ го дала својот телефонски број на Шераја за да ѝ се јавува дури и кога биле испишани од болницата по 5-месечен престој.

Катрина Мулен и Шераја со децата Катрина Мулен и Шераја со децата Катрина Мулен и Шераја со децата

Во април 2021 година, поради влошена здравствена состојба на бебенцата, тие морале да се вратат во болница. Случајот го привлекло вниманието на социјалните служби, кои одлучиле дека бебенцата мора да бидат дадени во згрижувачки домови.

Во тој момент, единствената личност на која Шераја можела да помисли била Катрина. Така, таа им го дала на социјалните служби бројот од добрата медицинска сестра.

„Немав своја мајка, па таа беше буквално единствената личност која ја имав“ – вели Шераја.

Катрина Мулен и Шераја со децата

Катрина без двоумење прифатила да ги згрижи. „Без двоумење реков ДА. По сè што помина, не сакав да биде разделена од нив“ – рекла Катрина за својата одлука.

Мулен веќе била самохрана мајка на пет деца, па со доаѓањето на новите членови на семејството, нивниот дом се исполнил уште повеќе.

По две години згрижување, Катрина официјално ја посвоила Шераја во февруари оваа година.

Катрина Мулен и Шераја со децата Катрина Мулен и Шераја со децата Катрина Мулен и Шераја со децата

Таа ѝ помогнала на Шераја да го заврши средното училиште и да го продолжи своето образование. И покрај предизвиците и грижата за три деца, Шераја била примена на факултет со стипендија.

Таа денес има 17 години и ќе учи да стане социјален работник и да им помага на други мајки-тинејџерки.

Серенит, Самари и Сераја сега имаат по 3 години.

Катрина Мулен и Шераја со децата Катрина Мулен и Шераја со децата Катрина Мулен и Шераја со децата Катрина Мулен и Шераја со децата

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.