Девојка со Даунов синдром руши стереотипи и надминува очекувања, смело чекорејќи во модниот свет.
Кенеди Гарсија секојдневно си ги зголемува модните ангажмани и обожавателите на Instagram и не дозволува нејзината состојба да ѝ застане на патот кон успехот.
16-годишната девојка надминала бројни здравствени предизвици за да стигне онаму каде што е сега. Кога била дете, Кенеди победила во борбата со леукемија, а ѝ биле направени и над 30 операции, од кои една на 'рбетот.
„Таа дефинитивно надмина многу пречки. Како дете, имаше повеќе од 30 операции и леукемија. Нејзиниот пат беше тежок, но и покрај сè, секогаш имаше позитивен став и насмевка дури и кога беше премногу болна или во болка“ – вели нејзината мајка.
„Кенеди отсекогаш ја сакаше камерата и започна како модел во бутик на
Покрај ангажманите како модел, Кенеди е и танчарка.
„Пред да стане модел, нејзината прва љубов отсекогаш беше танцувањето. Започна да танцува на 5-годишна возраст откако се опорави од операцијата на ‘рбетот. Во моментов, таа е единствената со посебни потреби во нејзиниот натпреварувачки тим и создаде многу добри пријателства преку танцувањето“.
„Дефинитивно имаше подеми и падови во нашето патување, но по 16 години, доброто далеку натежна над лошото. Кога се роди и ѝ беше дијагностициран Даунов синдром, ни дадоа многу мрачен поглед на нејзината иднина... не беше баш каков што се надевавме за нашето дете, но Кенеди им докажа на докторите дека грешат додека си го пробиваше својот пат и му покажуваше на светот што МОЖЕ да направи“.
„Во текот на животот ‘експертите’ ни велеа ‘Таа никогаш нема да може...’ и секојпат таа им покажуваше ‘О да, МОЖАМ!’ со самото тоа што беше она што е. Среќна сум што ѝ сум мајка.“
„Луѓето со Даунов синдром или други попречености се како нас. Кенеди секој ден се труди да го покаже тоа на Instagram. Да покаже дека е типична тинејџерка – обожава да оди на шопинг, да си разменува пораки со пријателите, да спие до доцна, да биде со своето момче, да јаде брза храна... Ако луѓето ѝ дадат шанса, ќе откријат дека таа е одличен пријател и дека е многу забавна“ – додава мајката на Кенеди.