Животот е за храбрите, за желните за голтка воздух, за борбените личности како Литл Дејзи-Меј. Малото девојче се родило три и пол месеци предвреме и во моментот на раѓањето тежело само 858 грама, но сепак успеало да преживее.
Нејзините родители Вејн и Џени се плашеле дека минијатурното новороденче никогаш нема да доживее да замине од болница.
Првите три месеци Дејзи-Меј ги поминала на одделение за интензивна нега, а секое вдишување и издишување било голем предизвик за неа. На нервозните родители 12 пати им подзастанале срцата, бидејќи Дејзи-Меј 12 пати престанала да дише, но за среќа, секогаш се враќала во живот.
Вејн преку фотографии и снимки го документирал напредокот на малото бебенце и ја споделувал приказната на Дејзи-Меј на социјалните мрежи.
„Многу луѓе ја имаат прочитано нашата приказна и нѐ следат на нашето патување. Тоа е долго патување, а ова видео покажува само малку од првите четири недели. Едно видео никогаш не може да ја покаже тагата и болката од тоа да ја гледаш својата ќерка како се бори за живот“ – пишува Вејн.
Погледнете видео за првиот месец од животот на „девојчето кое не можеше да чека“, кое ја вклучува првата емотивна прегратка „мајка-ќерка“:
Дејзи-Меј се родила на 1 декември минатата година, а требало да дојде на свет на 13 март. Сега има седум месеци.