Почетна » Новости » Животни стории » 10-месечно бебе од Мексико достигна тежина од 28 килограми, мајката очајна за помош

10-месечно бебе од Мексико достигна тежина од 28 килограми, мајката очајна за помош

Луис Мануел Гонзалес има само 10 месеци, а веќе тежи 28 килограми, односно колку просечно 9-годишно дете. Докторите не можат да се согласат околу дијагнозата, а неговите родители се очајни за помош.

Семејството на Луис

Мајката Изабел Пантоха на почетокот не била загрижена за дебелината на Луис, затоа што сметала дека е резултат на нејзиното мајчино млеко. „Мислев дека се случува тоа затоа што имам добро мајчино млеко“ - рекла таа. Но, откако бебенцето започнало нагло да ја зголемува тежината, Изабел и нејзиниот сопруг Марио побарале медицинска помош.

Семејството на Луис Семејството на Луис Семејството на Луис

Загрижените родители го носат Луис на испитувања по четири пати неделно. „Боли кога ги гледам сестрите како бараат вена помеѓу витките од кожа на неговите раце“ - изјавил таткото.

Семејството на Луис

Првичната дијагноза била Прадер-Вили синдром, генетско пореметување кое кај новороденчињата се манифестира со слаба мускулатура и постојано чувство на глад. Сепак, таа дијагноза била отфрлена бидејќи Луис не се храни премногу обилно и не бара јадење непрекинато.

Семејството на Луис

Семејството било контактирано од д-р Силвија Орозко, која направила неколку тестирања и ги очекува резултатите за да си ја потврди теоријата дека проблемите на Луис се резултат на тоа што неговата мајка не внесувала одредени нутриенти за време на бременоста. Ако се потврди тоа, таа тврди дека Луис ќе може лесно да се излекува со хормонски инјекции.

Семејството на Луис Семејството на Луис

Родителите преку социјалните мрежи се обидуваат да соберат средства за лекување на бебето.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20803 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.