Почетна » Новости » Животни стории » Our Curse: Вистинската приказна за дете со ретка болест номинирана за Оскар

Our Curse: Вистинската приказна за дете со ретка болест номинирана за Оскар

Оскаровска треска ги обзеде љубителите на филмот во изминативе неколку дена. Но, додека победниците заслужено ги освоија златните статуетки и се врежаа во многу глави, ретко кој имаше можност да се запознае со оние филмови кои не стигнаа до првото место.

Во категоријата Краток документарен филм наградата ја понесе документарецот „Crisis Hotline: Veterans Press 1“, меѓутоа големо медиумско внимание привлече и животната приказна на бебето Лео, кое е родено со многу ретка болест.

Лео

Полскиот документарен филм „Our Curse“ на Томас Шливински е посветен на неговиот син Лео. 30-минутното видео ги прикажува првите месеци од животот на Лео и разговорите кои Томас и неговата сопруга ги воделе откако малото бебенце ќе заспиело.

Преку филмот, Томас пренесува порака дека секој може да премине преку секоја пречка доколку вистински се труди.

Лео страда од ретка болест нарекувана и Клетвата на Ондин. Станува збор за сериозно нарушување на нервниот систем, што резултира со прекин на дишењето за време на спиењето.

Мозокот на лицата кои страдаат од оваа болест не го чувствува недостигот на кислород и не го поттикнува телото да реагира. Дишењето е толку сложен процес за малиот Лео што кога е разбуден, тој треба да се концентрира за да дише. Доколку Лео не е приклучен на апарат за дишење во текот на ноќта, тој може да умре.

Лео Лео

Документирањето на првите месеци од животот на Лео им помогнало на Томас и неговата сопруга Магда да го надминат најтешкиот период кога докторите им велеле да го очекуваат најлошото.

„Ни ја претставија ситуацијата на многу лош начин, како тој да нема никаква шанса за нормален живот. Ни рекоа да бидеме подготвени да се откажеме од своите кариери и да се фокусираме на детето. Ни кажаа толку многу лоши работи, што е неверојатно како не се откажавме во тој момент“ – рекол таткото. „Снимањето ни помогна да минеме низ процесот. Наместо да паднеме во депресија и да размислуваме за она што ни се случува, ние ја насочивме енергијата кон нешто креативно“ – додал тој.

Документарецот „Our Curse“ не е само приказна за малечкиот Лео, туку и за бруталната реалност на родителите кои се грижат за болни деца. Искрените вечерни разговори на каучот додека Лео спие, истоштеноста и чувството на вина кои се прикажани се причината што многу мајки и татковци се поврзуваат со овој филм.

Магда и ЛеоМагда го дои Лео и внимава тој да не заспие Лео Лео Лео Лео

Во последната сцена од филмот родителите танцуваат со Лео во нивната дневна соба, со што го одбележуваат крајот на терапијата и почетокот на насладувањето на животот. „Природно беше да престанеме со снимање и да започнеме да уживаме во животот колку што е можно повеќе. Последната сцена има двојно значење – танцуваме на песната на која танцувавме на нашата свадба. Сакав да танцуваме на неа заедно со Лео“ – објаснил Томас.

Лео со родителитеЛео со родителите во последната сцена од филмот

Лео денес има 4 години и сега започнува да зборува. Неговите родители се сигурни дека тој ќе биде силно момче. „Децата кои имаат некаков хендикеп од почетокот на својот живот се на различно ниво од нас – филмот е одраз на моите внатрешни стравови и на тоа како јас се соочив со ситуацијата, а не на чувствата на Лео. Сигурен сум дека тој ќе биде силно момче“ – вели Шливински и признава дека болеста на Лео целосно им го променила погледот кон животот. „Повеќе не се грижиме за неважни работи. Започнавме да го цениме она што е навистина важно“ – рекол тој.

Лео Лео Лео Лео

Погледнете го трејлерот на документарниот филм за малиот Лео.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20791 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.