Нил Патрик Харис ќе биде водител на престижната манифестација по повод доделувањето на наградите Оскар.

Ѕвездата од „How I Met Your Mother“ ја објави веста со интересно видео и призна дека тоа е остварување на негов голем сон.
41-годишниот актер неколкупати влезе во улогата на водител на свеченостите за доделување Тони и Еми наградите, па продуцентите на претстојното 87-мо по ред шоу за доделување на Оскарите се убедени дека Харис е вистинскиот избор.

Шоуто ќе се одржи на 22 февруари следната година. Годинава водителка беше комичарката Елен Деџенерис.