Синоќа во Долби театарот во Холивуд се одржа 87. по ред доделување на престижните награди Оскар. Нил Патрик Харис ја забавуваше огромната публика додека беа откривани имињата на најдобрите во филмската индустрија.
Филмот „Birdman“ беше големиот победник на вечерта. Тој ја доби најпосакуваната статуетка за Најдобар филм, но ги присвои и наградите за Најдобро оригинално сценарио и Најдобра кинематографија, а на Алехандро Гонзалес Ињариту му ја донесе статуетката Најдобар режисер.
Џулиен Мур беше прогласена за Најдобра актерка за улогата во филмот „Still Alice“, додека „Boyhood“ ѝ ја донесе на Патриша Аркет наградата на Најдобра актерка во споредна улога.
За портретирањето на познатиот физичар Стивен Хокинг во драмата „The Theory of Everything“, Еди Редмејн се закити со врвната награда Најдобар актер. Џеј Кеј Симонс за филмот „Whiplash“ триумфираше во категоријата Најдобар актер во споредна улога.
Златната статуетка за Најдобра оригинална песна ја добија Џон Леџенд и раперот Комон за „Glory“ од филмот „Selma“.
И „The Grand Budapest Hotel“ беше добитник на четири награди, но во помалку популарни категории како Најдобар дизајн на костими и Најдобра шминка и фризура.
Полскиот филм „Ida“ на режисерот Павел Павликовски го освои Оскарот за Најдобар филм од неанглиско говорно подрачје.
Листа на победници
Best Picture: „Birdman“
Best Director: Alejandro González Iñárritu — „Birdman“
Best Actor: Eddie Redmayne — „The Theory of Everything“
Best Actress: Julianne Moore — „Still Alice“
Best Supporting Actor: J.K. Simmons — „Whiplash“
Best Supporting Actress: Patricia Arquette — „Boyhood“
Best Original Screenplay: „Birdman“ — Alejandro G. Iñárritu, Nicolás Giacobone, Alexander Dinelaris, Jr. and Armando Bo
Best Adapted Screenplay: „The Imitation Game“ — Graham Moore
Best Animated Feature Film: „Big Hero Six“
Best Foreign Language Film: „Ida“ — Pawel Pawlikowski
Best Documentary — Feature: „Citizen Four“
Best Documentary — Short Subject: „Crisis Hotline: Veterans Press 1“
Best Live Action Short Film: „The Phone Call“
Best Animated Short Film: „Feast “
Best Original Score: „The Grand Budapest Hotel“
Best Sound Editing: „American Sniper“
Best Sound Mixing: „Whipalsh“
Best Production Design: „The Grand Budapest Hotel“
Best Cinematography: „Birdman“
Best Makeup and Hairstyling: „The Grand Budapest Hotel“
Best Costume Design: „The Grand Budapest Hotel“
Best Film Editing: „Whipalsh“
Best Visual Effects: „Interstellar“
Best Original Song: „Glory“ — „Selma“