Денес стана јасно кои филмови и холивудски таленти имаат шанса за освојување на награда од Академијата за филмски уметности и науки.
Со по 9 номинации, „Birdman“ и „The Grand Budapest Hotel“ водат во оскаровската трка, а веднаш зад нив се наоѓа „The Imitation Game“ кој доби 8 номинации.
Покрај веќе споменатите филмови, за престижната награда Најдобар филм ќе се борат и „American Sniper“, „Boyhood“, „Selma“, „The Theory of Everything“ и „Whiplash“.
Трејлери за номинираните за Најдобар филм
„Birdman“
„The Grand Budapest Hotel“
„The Imitation Game“
„American Sniper“
„Boyhood“
„Selma“
„The Theory of Everything“
„Whiplash“
Најдобар актер
Стив Карел – „Foxcatcher“
Бредли Купер – „American Sniper“
Бенедикт Камбербач – „The Imitation Game“
Мајкл Китон – „Birdman“
Еди Редмејн – „The Theory of Everything“
Најдобра актерка
Марион Котијар – „Two Days, One Night“
Фелисити Џонс – „The Theory of Everything“
Џулиен Мур – „Still Alice“
Розамунд Пајк – „Gone Girl“
Рис Витерспун – „Wild“
Најдобар актер во споредна улога
Роберт Дувал – „The Judge“
Итан Хоук – „Boyhood“
Едвард Нортон – „Birdman“
Марк Рафало – „Foxcatcher“
Џеј Кеј Симонс – „Whiplash“
Најдобра актерка во споредна улога
Патриша Аркет – „Boyhood“
Лора Дерн – „Wild“
Кира Најтли – „The Imitation Game“
Ема Стоун – „Birdman“
Мерил Стрип – „Into the Woods“
Најдобар режисер
Алехандро Гонзалез Ињариту – „Birdman“
Ричард Линклејтер – „Boyhood“
Бенет Милер – „Foxcatcher“
Вес Андерсон – „The Grand Budapest Hotel“
Мортен Тилдум – „The Imitation Game“
Најдобар анимиран филм
Big Hero 6
The Boxtrolls
How to Train Your Dragon 2
Song of the Sea
The Tale of the Princess Kaguya
Најдобра оригинална песна
„Everything Is Awesome“ – „The Lego Movie“
„Glory“ – „Selma“
„Grateful“ – „Beyond the Lights“
„I'm Not Gonna Miss You“ – „Glen Campbell . . . I'll Be Me“
„Lost Stars“ – „Begin Again“
Најдобар документарен филм
Citizenfour
Finding Vivian Maier
Last Days in Vietnam
The Salt of the Earth
Virunga
Комплетната листа на номинирани можете да ја погледнете тука.
Доделувањето на престижните награди Оскар ќе се одржи на 22 февруари. Нил Патрик Харис ќе биде водител на популарната манифестација.