Вирсавија Борун е една на милион. 13-годишната Русинка е родена со ретка состојба поради која срцето ѝ чука надвор од градите.
Храброто девојче ги надмина очекувањата на докторите и сега ја споделува својата приказна за да инспирира и да им помогне на другите кои се соочуваат со истиот здравствен предизвик.
„Сакам да ги туркам границите на тоа што можам и што не можам да направам, бидејќи сакам да ги инспирирам другите луѓе. Сакам луѓето да знаат дека јас сум повеќе отколку само моето срце, убава сум таква каква што сум“ – вели Вирсавија.
„Моето срце е различно, но ме прави уникатна и го сакам тоа“ – додава таа.
Мајката на Вирсавија дознала за оваа состојба (Pentalogy of Cantrell) кога била во
Девојчето се роди без доволно развени стомачни мускули и граден кош и без дијафрагма. Таа има дупка во срцето и поради тоа мора да носи со себе апарат за кислород, за во случај да ѝ падне на многу ниско ниво.
„Луѓето си мислат дека постојано имам болка, но немам. Мојата состојба ми влијае на секојдневниот живот, бидејќи не можам да правам нормални работи. Не можам да трчам, не можам да одам брзо, не смеам да одам горе-долу по скали, бидејќи кислородот ми паѓа многу ниско“ – вели Вирсавија.
Поради тоа , Вирсавија се придржува до хобија кои не бараат голема физичка активност. Таа вели дека обожава да пее и да црта, а понекогаш и да танцува.
Кога оди на училиште, Вирсавија носи заштитен штитник под школската униформа, бидејќи срцето се наоѓа веднаш под кожата и е изложено на ризик.