Почетна » Новости » Занимливости » Девојче со срце надвор од градите ги надмина очекувањата на докторите

Девојче со срце надвор од градите ги надмина очекувањата на докторите

Слободно може да се каже дека Вирсавија Борун е „една на милион“. 6-годишното девојче, чие срце чука надвор од градите, секој ден ги надминува очекувањата на докторите.

Вирсавија Борун Вирсавија Борун Вирсавија Борун

Вирсавија е родена со многу ретка здравствена состојба. Срцето на малата Русинка е надвор од нејзините гради и е заштитено само со тенок слој кожа, па со голо око може да се види неговото чукање. Нејзе ѝ недостигаат дел од стомачните мускули и дијафрагма.

Мајката на Вирсавија, Дари, вели дека уште додека била бремена, докторите прогнозирале дека девојчето нема да преживее. Но, Вирсавија ги надмина и најголемите очекувања на докторите и со причина е нарекувана „мал воин“. „Кога бев бремена, докторот ми рече дека таа нема да преживее, дека ќе умре“ – рекла Дари.

Вирсавија Борун Вирсавија Борун

И покрај здравствените проблеми Вирсавија е оптимист. Таа е многу религиозна, обожава цртање и балет и ја слуша Бијонсе. Но, најмногу од сè сака кога мајка ѝ го допира нејзиното срце. „Секој ден доаѓа кај мене и ме прашува дали ќе ѝ го допрам срцето. Верувам дека Исус ќе ја излечи“ – вели Дари. „Мајка ми секогаш ми кажува дека го сака моето срце и тоа навистина ми се допаѓа. Знам зошто срцето ми е надвор од градите. Зашто Исус сака да покаже дека може да создава специјални нешта, како мене“ – објаснила малата Вирсавија.

Вирсавија Борун Вирсавија Борун Вирсавија Борун

Дари е самохрана мајка, но цели шест години успешно се бори за животот на својата ќерка, обезбедувајќи ѝ нормално детство. Бидејќи докторите во Русија не се специјализирани да оперираат пациенти со толку комплицирана состојба, Дари и Вирсавија се преселиле во Бостон, каде малото девојче требало да биде оперирано. За жал, поради превисокиот крвен притисок во белодробната артерија, операцијата била откажана.

Вирсавија Борун Вирсавија Борун

Сега, „малиот воин“ прима лекарства за намалување на крвниот притисок, а нови тестирања се закажани по две години. Семејството, кое по препорака на докторите живее во топлата Флорида, собира средства за да може да ги покрие медицинските трошоци и досега за нив се донирани повеќе од 20.000 долари.

Вирсавија Борун Вирсавија Борун Вирсавија Борун Вирсавија Борун Вирсавија Борун Вирсавија Борун

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20791 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.