Се сеќавате на Вирсавија Борун, девојчето чие срце чука надвор од градите?
Таа не престанува да ги надминува очекувањата на докторите, а за неколку месеци ќе стане и поголема сестра.
Малата Русинка го прослави својот деветти роденден на крајот од март, иако докторите прогнозирале дека нема да живее долго по раѓањето. Таа е многу религиозна и обожава да пее, да црта и да вежба со мајка си Дари.
Еве како изгледа денес таа:
Мајката на Вирсавија има потресна животна приказна. Кога била бремена, таа имала само 19 години и била жртва на семејно насилство. Бидејќи живееле во сиромаштија и немале што да јадат, Дари одлучила да остави сè зад себе и да се пресели од Русија во Бостон за нејзината ќерка да ја добие потребната операција и да има подобар живот.
За жал, поради многубројните здравствени проблеми, докторите процениле дека операцијата на срцето би била ризик и дека Вирсавија би имала само 30% шанси да ја преживее.
Бидејќи Дари постојано добивала критики на Instagram дека е лоша мајка, таа одлучила да им возврати на сите оние кои ја осудувале за одлуките, споделувајќи дел од својата животна приказна. Еве го нејзиниот пост:
Истото мало девојче на оддел за итна интензивна нега, но во две различни држави и 7 години подоцна. На левата фотографија, Вирсавија има околу 18 месеци, а на десната речиси 9 години. Само Бог знае низ колку тешки ситуации сме поминале, колку е тешко кога твоето дете има многу здравствени проблеми, кога не можеш да спиеш зашто треба да му помогнеш на твоето малечко да преживее, да дише и да нема болка. Знам дека заедно ќе поминеме низ уште многу нешта, но сега не се плашам зашто Бог ми даде сила и убеденост дека е покрај нас.
Гледам луѓето коментираат нешта како: „Каква мајка си ти и зошто не ја оперираш ќерка ти?“ или „Го жалам ова девојче поради мајката што ја има“ или „Дали си глупава што постираш вакви нешта?“.
Дали вие воопшто знаете низ што поминувам пред да кажете такво нешто? Дали сте дошле да поминете една вечер додека таа се гуши? Дали сте патувале со неа од 19-годишна возраст во други градови и држави за да најдете помош за неа? Дали сте поминале низ операција и многу болници, процедури, анестезии и лекувања? Дали сте нашле сила да избегате од семејно насилство со бебе во рацете? Дали сте го израснале вашето дете без татко? Дали сте го промениле целиот ваш живот, сте го оставиле целото ваше семејство, сте ја промениле државата и јазикот за вашето дете да има подобри услови за живот? Дали се справувате со Penology od Cantrell (состојбата на Вирсавија), бројни срцеви маани, пулмонална хипертензија, бубрежна инфекција, инфекција на уринарните патишта, астма, миопија, астигматизам, проблеми со цревата и кожата истовремено?
Јас се справувам со тоа секојдневно. Не постои никој во светот што ќе ја направи операцијата поради бројните здравствени проблеми кога таа ги има истовремено. Ако докторите ми даваат само 30% шанси таа да ја преживее операцијата, погодете што? Јас претпочитам ќерка ми да живее без операцијата, бидејќи ја сакам жива и онаква каква што Бог ја создал, наместо да ризикувам и да жалам за тоа до крајот на животот и да чувствувам вина што сум го убила сопственото дете!
Го објавувам ова за Вирсавија да види низ што поминавме кога ќе порасне, како луѓето нè поддржуваа неа и мене. Ќе го објавам за да ги покажам подемите и падовите кои ги имавме во нашиот живот, како никогаш не се откажавме и колку сме благодарни без разлика на сè. Ќе го објавам ова за да ги инспирирам луѓето и да им дадам сила да продолжат без разлика колку лошо се чувствуваат во нивниот живот. Оние кои кажуваа лоши нешта, не разбираат и се надевам дека еден ден ќе разберат дека не треба да осудуваат ничија ситуација пред да поминат низ истото.
По објавувањето на постот, Дари беше преплавена со поддршка и позитивни коментари.
Неодамна, таа стапи во брак со својата нова љубов Ирвин, а набрзо ќе ѝ роди братче на Вирсавија.