Вирсавија Борун, девојчето чие срце чука надвор од градите, има нова специјална другарка. Малите хероини, кои се нарекувани медицински чуда и секојдневно ги „рушат“ прогнозите на докторите, се сретнаа во Тексас за да си покажат една на друга дека не се сами.
Видеото го следи зближувањето на девојчињата со иста здравствена состојба.
Малата Одри била родена со срце надвор од градите, па докторите прогнозирале дека нема да живее повеќе од три дена. Тие морале да ја оперираат за да ѝ го вратат срцето во телото. Состојбата на Одри била вистински шок за мајка ѝ е Ешли. „Тоа беше најужасната вест која некоја мајка може да ја добие. Нејзиното срце беше надвор од нејзиното тело“ – рекла Ешли за Inside Edition.
Одри, исто како и нејзината нова другарка Вирсавија, секој ден му покажува на светот дека чуда навистина се случуваат. 3-годишното девојче досега има одраснато неколку штитови, кои го штитат нејзиното деликатно срце.
„Таа има убаво срце, исто како мене“ – ѝ рекла малата Одри на мајка си откако се сретнала со Вирсавија.
Но, новото пријателство не само што ѝ покажало на малата Одри дека има и други деца како неа, туку и ѝ дало надеж на мајка ѝ дека нејзината ќерка еден ден ќе порасне. „Таа знае низ што поминува и е неверојатно што имаше можност да сретне и друго дете со истата состојба. Тоа ни даде надеж дека Одри еден ден ќе има 6 години“ – вели Ешли.
Сторијата за Вирсавија го обиколи светот на почетокот од месецов, давајќи им надеж на многу родители кои се во слични ситуации.