Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 1.342 тестирања, а има 3 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од Скопје.
Трет ден по ред не се регистрирани починати лица.
Регистрирани се 6 оздравени пациенти од:
- Скопје и Тетово – по 2
- Кочани и Кичево – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 874.236 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.676, бројката на оздравени пациенти е 149.967, на починати е 5.484, а бројот на активни случаи изнесува 225.