Ако честопати возраста ви е изговор за да не пробате нешто ново или за да не го правите она што го сакате, дозволете Дона Џин Вајлд да ви докаже дека годините се само обична бројка.
59-годишната мајка на 5 деца, која е баба на 12 внуци, го сруши Гинисовиот рекорд за најмногу склекови за 60 минути. Дона направи вкупно 1.575 склека, што е за 368 повеќе од претходниот рекорд. Ова е втор Гинисов рекорд срушен од неа.
„Мојата порака е да верувате. Изберете да верувате во себеси и во другите. Одделете си време за да ги правите нештата коишто ги сакате и испишете ја вашата приказна.“
„Морав да се изборам со солзите-радосници и емоциите и да продолжам понатаму. Сè уште се чувствував силна и целев кон повисока бројка на склекови во следните 17 минути“ – рекла таа.
Со цел склековите да бидат избројани, натпреварувачот мора да ги направи со лакти поставени под агол од 90 степени, а телото мора да биде целосно исправено. Дозволено е да се прават паузи помеѓу вежбите.
Во март, Вајлд го сруши Гинисовиот рекорд за Најдолго време во абдоминална планк позиција (жени). Инспиративната Канаѓанка стоеше во оваа позиција 4 часа, 30 минути и 11 секунди, што е за 10 минути подолго од претходниот рекорд поставен од нејзината сонародничка Дана Гловака.
Таа сподели дека нејзиниот тренинг за планк вклучувал и правење по стотици склекови дневно, па разбирлива е нејзината физичка подготвеност за овој нов предизвик.
„Додека тренирав за тој обид, склековите беа важен дел од мојот тренинг. Се вљубив во правењето склекови, исто како што се вљубив во планкот.“
„Верувам дека ако останеме активни и ако имаме здравствени и велнес цели, ние ќе старееме грациозно и моќно“ – рекла Вајлд.