Никола Јокиќ доби мал наследник.
Српскиот кошаркар и неговата сопруга Наталија го добија второто дете, кое е момче.
Веста беше објавена откако тој се врати на теренот по три пропуштени натпревари со Денвер Нагетс, тимот со кој се натпреварува во НБА лигата.
Никола и Наталија имаат 3-годишна ќерка Огњена, а се заедно од средношколските денови. Парот стапи во брак во 2020 година.
„Се запознавме во 2013 година преку заеднички другар. Ми се допадна веднаш штом ја видов, но не ѝ го кажав тоа веднаш. Се дружевме во следната половина година, а можеби и повеќе. Цело време ги криев емоциите. Кога првпат ѝ реков дека ми се допаѓа, не добив никаков одговор, мудро премолчи“ – раскажал тој за моментот кога се вљубил во сопругата.
Никола постојано потенцира дека семејството му е најважно.