Откријте ги сите седум вкусови на Ева туна салатите и уживајте во здравите залчиња
Нутритивно избалансирани и вкусни, Ева туна салатите се веднаш подготвен и здрав оброк, кога било и каде било
Во денешниот брз ритам, често ги ставаме сите други активности пред редовните и квалитетни оброци. Кога ќе нé притиснат роковите и обврските, здравјето и исхраната може да паднат во втор план. Со тоа, неретко работиме и јадеме истовремено, што резултира со брзи, неквалитетни оброци „на нога“. Практичните и нутритивно богатите решенија, како Ева тука салатите, се исклучително корисни во такви случаи, бидејќи овозможуваат едноставна консумација на здрава храна веднаш, без потреба од долготрајна подготовка.
Изберете лесни, но хранливи и вкусни оброци за на работа или во слободно време
Ева туна салатите се совршен избор за конкретен оброк кога имате малку време, а не сакате да направите компромис ниту за вкусот ниту за квалитетот. Подготвени се од природни намирници, богати се со омега-3 масни киселини и протеини, и се без конзерванси. Практични се, вкусни и преполни со квалитетни состојки.
Сите седум величествени и вкусни комбинации од рибарските мрежи на Шиме ќе ги задоволат префинетите непца желни за залаци риба и здрав начин на живот. Ева туна салатите Mexicana, Mediterana, Protein, Balance, Dalmatina, Kus-kus и Crvena kinoa чекаат да ги вкусите и да се заљубите во нив. Идеални се за оние кои се вработени, како и за сите љубители на риба во потрага по здрава и практична храна која нема да го забави нивниот ден.
Квалитетни состојки и едноставно консумирање се работите кои освојуваат
Кога сакате високо протеински, хранлив оброк, Ева туна салата Protein освојува на прва. Во нова комбинација на состојки, вкусна туна потопена со грашок, сусам, црна леќа и супер хранливи и ниско калорични печурки. Оваа салата е идеален избор за сите кои водат активен начин на живот, бидејќи добро ќе „легне“ за ручек на работа, лесна вечера, пред или по тренинг. Секој момент е идеален за уживање во оваа салата.
Туната одлично се вклопува во разни комбинации, но вистинско освежување во морето на салатите е Ева туна салатата Balance. Оваа совршено избалансирана комбинација на туна со семки од коноп, хелда и кафен ориз е веднаш подготвена за уживање. Лесен, но хранлив оброк нуди одличен баланс на протеини и влакна, па е лесно да се ужива во секој залак без грижа и грижа на совест.
А понекогаш и далечните дестинации се поблиску од што мислиме. Аромата на Мексико во практична, готова салата Ева туна салата Mexicana е на дофат. Најфината мека туна и разновидниот зеленчук со сите бои и вкусови: црвен грав, пченка, пиперка и морков се потопени со неизоставните чили пиперки, што дава карактеристичен и благо пикантен залак.
Ева туна салата Mediterana ја носи на масата есенцијата од медитеранската кујна низ избрана туна збогатена со разно разен зеленчук. Леќа, морков, наут, црвен грав и сечени зелени маслинки ќе ви пружат експлозија на вкусови со секој залак. Богата со протеини, и оваа салата е направена без конзерванси, а внимателно избраните зачини ја прават навистина богата.
Со седумте Ева туна салати изборот е можеби тежок, но оброкот е лесен.
Тие ќе ве заштитат, но без непосакувано чувство на тежина. Ева туна салатите се одличен избор за сите кои бараат брз, здрав и вкусен оброк, кога било и каде било. Достапни се во практични пакувања со лесно отворање, а се задолжителен додаток на секој список за купување, бидејќи во нив се ужива дома, на пауза од работа и учење или, пак, на излети, семејни пикници и патувања.
Истражете ги сите, од Ева туна салата Mexicana и Mediterana, преку Protein, Balance и Dalmatina, сé до Ева туна салата Kus-kus и Crvena kinoa. Уживајте во богатите и хранливи залаци преполни со свежина и протеини, а без конзерванси.
Ева. Од срцето на морето.
Комерцијален текст