Принцезата Кетрин и принцот Вилијам го проследија епското финале на Вимблдон. Кралскиот пар го гледаше мечот од трибините заедно со двете деца, Шарлот и Џорџ.
41-годишната припадничка на британското кралско семејство носеше фустан во смарагдно-зелена боја од Ролан Муре.
Ова е првпат малата принцеза Шарлот да присуствува на Вимблдон. Целото семејство навиваше за време на мечот.
Карлос Алкараз го победи Новак Ѓоковиќ и стана новиот шампион на Вимблдон. Принцезата Кетрин му го врачи трофејот на 20-годишниот тенисер.