На покана на албанскиот претседател Бајрам Бегај, Стево Пендаровски оствари работна посета на Албанија, при која ги посети општините Пустец и Подградец.
Македонскиот претседател беше придружуван од сопругата Елизабета Ѓоргиевска.
За оваа пригода, нашата прва дама шармираше во женствен фустан во виолетова боја.
Во Глобочeни, близу Пустец, тие го посетија Музејот посветен на ликот и делото на албанскиот писател со македонско потекло, Стерјо Спасе.