Почетна » Новости » Мода » Елизабета Ѓоргиевска во елегантна црвена креација од Ирина Тошева за посетата на Грција

Елизабета Ѓоргиевска во елегантна црвена креација од Ирина Тошева за посетата на Грција

Стево Пендаровски и Елизабета Ѓоргиевска беа во дводневна официјална посета на Грција.

58-годишниот претседател и 49-годишната прва дама на Северна Македонија беа пречекани со високи државни и воени почести од страна на грчката претседателка Катерина Сакеларопулу.

За свеченоста во Атина, Елизабета носеше црвена креација со црни копчиња креирана во соработка со македонската дизајнерка Ирина Тошева.

„За оваа важна посета, по желба на г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска, се одлучивме за безвремената класика, разиграна со различни копчиња во форма на медалјони, надополнета со дезенирани детали во внатрешноста на ракавите, како мој препознатлив дизајнерски печат. Удобноста и пријатноста при ваквите настани се особено важни и големо внимание посветивме и на бирањето на материјалот, кој беше од локално производство“– изјави Тошева за Femina.mk.

Стево Пендаровски и Елизабета Ѓоргиевска Стево Пендаровски и Елизабета Ѓоргиевска Стево Пендаровски и Елизабета Ѓоргиевска Стево Пендаровски и Елизабета Ѓоргиевска Стево Пендаровски и Елизабета Ѓоргиевска Стево Пендаровски и Елизабета Ѓоргиевска

За време на посетата, Ѓоргиевска ја посети Националната галерија во Атина, во придружба на Лина Мендони, министерка за култура и спорт на Грција.

Стево Пендаровски и Елизабета Ѓоргиевска Стево Пендаровски и Елизабета Ѓоргиевска Стево Пендаровски и Елизабета Ѓоргиевска

Претседателот Пендаровски оствари средба и со премиерот Киријакос Мицотакис.

Официјалната посета на претседателот Пендаровски на Хеленската Република претставува прва историска посета што се реализира на највисоко ниво меѓу двете држави.

Стево Пендаровски и Елизабета Ѓоргиевска Стево Пендаровски и Елизабета Ѓоргиевска

На средбите беше констатиран позитивниот тренд на севкупните билатерални односи помеѓу двете држави, но и дека постои потенцијал за понатамошно зајакнување на соработката на секое поле. Беше изразено задоволство дека двете држави го оставија минатото зад себе и се фокусирани кон иднината.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20903 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.