Елизабета Ѓоргиевска ги посети дечињата кои се лекуваат на Клиниката за детска хирургија и Институтот за белодробни заболувања „Козле“.
Македонската прва дама ги израдува малите пациенти подарувајќи им новогодишни пакетчиња. Ѓоргиевска им посака на дечињата побрзо оздравување и што поскоро да се вратат во своите домови кај семејствата.
„Празниците имаат посебна убавина, бидејќи споделуваме заеднички мигови, љубов, топлина и радост. На најмалите пациенти кои се лекуваат на Клиниката за детска хирургија и Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле – Скопје, им посакувам побргу да оздрават и да се вратат во своите домови кај своите најблиски!“ – напиша таа во описот на фотографии од посетата.
Ѓоргиевска носеше елегантно снежно бело палто.