Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 3.028 тестирања, а има 6 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
• Скопје, Битола и Кичево – по 2.
Не се регистрирани починати лица.
Не се регистрирани оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 887.621 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.706, бројката на оздравени пациенти е 150.067, на починати е 5.486, а бројот на активни случаи изнесува 153.