Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 2.887 тестирања, а има 6 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 3,
- Тетово, Струмица и Берово - по 1.
Не се регистрирани починати лица.
Регистрирани се 10 оздравени пациенти од:
- Скопје – 5,
- Куманово – 2,
- Велес, Струмица и Кичево – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 877.123 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.682, бројката на оздравени пациенти е 149.977, на починати е 5.484, а бројот на активни случаи изнесува 221.
а оздравени пациенти е 149.977, на починати е 5.484, а бројот на активни случаи изнесува 221.