Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 3.391 тестирања, а има 593 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 272
- Куманово и Прилеп – по 39
- Битола – 38
- Велес – 27
- Кавадарци – 25
- Кочани – 22
- Крива Паланка – 21
- Тетово – 20
- Штип – 15
- Кичево – 10
- Неготино и Пробиштип – по 8
- Кратово – 7
- Радовиш и Делчево – по 6, Демир Хисар – 5
- Берово и Валандово – по 4
- Гостивар и Гевгелија – по 3
- Струмица и Крушево – по 2
- Охрид, Струга, Свети Николе, Ресен, Македонски Брод, Македонска Каменица и Пехчево – по 1
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 10 починати лица: 4 од Скопје (70г, 71г, 84г и 85г) и по едно од Гостивар (77г), Кавадарци (81г), Прилеп (83г), Охрид (81г), Кочани (72г) и Штип (78г). Сите се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени четири починати лица со датум на смрт од 22.10.2021 до 30.10.2021. Лицата се од Свети Николе, Крива Паланка, Прилеп и Штип на возраст од 46 до 87 години.
Регистрирани сe 415 оздравени пациенти од:
- Скопје – 253
- Прилеп – 23
- Куманово – 21
- Велес – 19
- Тетово – 12
- Кочани – 11
- Крива Паланка, Штип и Пробиштип – по 9
- Кавадарци и Струмица – по 8
- Свети Николе – 6
- Богданци – 5
- Битола и Радовиш – по 4
- Неготино – 3
- Гевгелија и Виница – по 2
- Кратово, Делчево, Демир Хисар, Валандово, Гостивар , Ресен и Македонска Каменица – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 203.298, бројот на оздравени пациенти е 189.264, на починати е 7.159, а бројот на активни случаи изнесува 6.875.