Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 6.802 тестирања, а има 1.081 новоинфициран со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 314
- Гостивар – 187
- Тетово – 160
- Куманово – 84
- Струмица – 60
- Кичево – 47
- Охрид – 38
- Дебар – 30
- Струга – 27
- Прилеп – 25
- Битола – 20
- Штип и Ресен – по 12
- Радовиш – 11
- Велес и Кочани – по 9
- Берово и Виница – по 6
- Кратово – 5
- Кавадарци и Свети Николе – по 4
- Пробиштип – 3
- Неготино и Пехчево – по 2
- Делчево, Валандово, Крушево и Македонски Брод – по 1
Пријавени се 15 починати лица: по 3 од Скопје (37г, 43г и 49г), Куманово (46г, 55г и 63г), Тетово (60г, 65г и 79г) и Гостивар (53г, 69г и 77г) и по едно од Струмица (52г), Струга (43г) и Кичево (77г). Сите се починати во болнички услови.
Регистриран e 91 оздравен пациент од:
- Скопје – 35
- Гостивар – 12
- Тетово – 9
- Кичево и Дебар – по 8
- Куманово и Струмица – по 5
- Прилеп и Радовиш – по 2
- Битола, Кавадарци, Штип, Ресен и Крива Паланка – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 164.529 бројката на оздравени пациенти е 151.235, на починати е 5.589, а бројот на активни случаи изнесува 7.705.