Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 2.964 тестирања, а има 417 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 155
- Прилеп – 31
- Куманово и Велес – по 26
- Кавадарци – 24
- Битола и Штип – по 17
- Крива Паланка – 14
- Кочани – 13
- Тетово – 11
- Охрид и Пробиштип – по 10
- Радовиш – 7
- Свети Николе, Делчево и Кратово – по 6
- Гевгелија, Ресен, Берово и Демир Хисар – по 5
- Струмица, Кичево, Неготино, Виница и Македонска Каменица – по 3
- Пехчево – 2
- Крушево – 1
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 9 починати лица: по 2 од Скопје (60г и 64г) и Кочани (45г и 64г) и по едно од Куманово (75г), Тетово (79г), Штип (66г), Битола (82г) и Крива Паланка (38г). Сите се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавено е едно починато лице со датум на смрт од 24.10.2021, од Скопје на возраст од 84 години, починато во болнички услови.
Регистрирани сe 329 оздравени пациенти од:
- Скопје – 151
- Куманово – 35
- Велес и Штип – по 15
- Кавадарци – 14
- Кочани – 12
- Битола – 11
- Прилеп – 10
- Струмица – 9
- Гевгелија – 8
- Свети Николе – 7
- Неготино, Берово и Пробиштип – по 5
- Тетово, Кичево и Крива Паланка – по 4
- Кратово – 3
- Гостивар, Валандово, Богданци, Крушево и Пехчево – по 2
- Радовиш и Демир Хисар – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 201.708, бројот на оздравени пациенти е 188.024, на починати е 7.108, а бројот на активни случаи изнесува 6.576.