Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие е направено 2.259 тестирање, а има 333 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 182
- Кавадарци – 22
- Куманово и Охрид – по 20
- Тетово – 15
- Битола – 11
- Прилеп – 9
- Неготино – 8
- Велес и Ресен – по 7
- Гостивар – 6
- Гевгелија – 4
- Струмица – 3
- Струга, Кичево, Свети Николе, Крива Паланка и Кратово – по 2
- Штип, Кочани, Дебар, Радовиш, Берово, Виница, Богданци, Демир Хисар и Македонски Брод – по 1.
Пријавени се вкупно 10 починати лица. Починати се по 3 пациенти од Скопје (85г, 70г, 70г), 2 пациенти од Кавадарци (90г, 59г) и по 1 пациент од Штип (47г), Велес (59г), Кочани (79г), Куманово (82г), и Охрид (68г). Девет пациенти се починати во болнички услови, еден пациент во домашни услови.
Регистрирани се 268 оздравени пациенти од:
- Скопје – 160
- Прилеп – 28
- Куманово – 20
- Крива Паланка – 14
- Велес – 9
- Тетово – 6
- Битола, Кичево и Гевгелија – по 4
- Кочани, Берово и Пробиштип – по 3
- Гостивар и Богданци – по 2
- Кавадарци, Свети Николе, Виница, Крушево, Кратово и Пехчево – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 107.163, бројката на оздравени пациенти е 94.729, на починати е 3.195, а бројот на активни случаи изнесува 9.239.