Почетна » Новости » Занимливости » Како на филм: Дечко добил потрес на мозокот и заборавил дека девојката му раскинала, се оженил со неа по 7 месеци

Како на филм: Дечко добил потрес на мозокот и заборавил дека девојката му раскинала, се оженил со неа по 7 месеци

Љубовната приказна на Мичел и Џена слободно може да се најде на филмското платно.

Парот стапи во брак во 2020 година откако тој добил потрес на мозокот и не се сеќавал дека раскинале еден ден претходно.

Мичел и Џена Мичел и Џена

Имено, пред четири години, во февруари, Џена одлучила да стави крај на врската Мичел. Следниот ден, тој бил на скијање, спорт кој го обожава. За жал, при скок со скиите, паднал на главата и имал потрес на мозокот поради кој изгубил дел од сеќавањето.

„Тој тргна да скока, но тој ден имаше многу мраз. Нозете му заминаа напред и кога скокна, падна на главата. Тоа беше прилично тежок потрес на мозокот. Тој семестар падна речиси на сите испити и мораше да земе отсуство кое му помогна во лекувањето на повредата на мозокот“ – раскажала Џена во TikTok видео.

Мичел и Џена Мичел и Џена Мичел и Џена

Повредата толку сериозно влијаела на сеќавањето на 22-годишниот дечко, што тој заборавил дека претходниот ден раскинал со Џена. Бидејќи не бил во состојба да вози, кога требало да излезе од болница, ја замолил да дојде да го земе. Но, таа не го направила тоа.

Откако се појавил во нејзината соба и откако разговарале, Џена зажалила за одлуката да му раскине и му рекла дека сака да ја обноват врската. Тогаш сфатила дека тој воопшто не знаел дека тие не се повеќе заедно.

Седум месеци по оваа случка, партнерите кои сега имаат по 27 години, стапија во брак и сега уживаат во заедничкиот живот.

„Во својот говор на свадбата, мојот сопруг раскажа дека не се сеќавал дека сме раскинале и дека е благодарен што сè заврши добро на крајот. Двајцата имаме по 27 години и кога луѓето ќе нè прашаат за нашата љубовна приказна, тоа ни е омилениот дел за раскажување. Навистина чувствуваме дека невидливи конци нè влечеа еден кон друг цело време“ – рекла Џена. Мичел и Џена Мичел и Џена Мичел и Џена Мичел и Џена

@jennabrotherson Replying to @val the concussion story time!! #love #grwm #relationship #breakup ♬ original sound - Jenna Brotherson

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.