Луисана Лопилато е мамка за погледи каде и да се појави.
37-годишната аргентинска актерка, која кај нас се прослави со улогата на Миа Колучи во „Млади бунтовници“, изгледаше атрактивно во црвено на гала во Канада. На доделувањето на наградите „Horatio Alger“, Луисана го придружуваше сопругот Мајкл Бубле кој беше еден од добитниците на златен медал.
За свеченоста, таа избра долг фустан од Nadine Merabi, кој го надополни со салонки од Louboutin и блејзер од Burberry.
„Твојот труд и твојата посветеност се моја инспирација. Те сакам“ – напиша Лопилато на албумот со фотографии на Instagram.
Галата организирана од Horatio Alger Association на Канада го слави талентот, културата и идната генерација лидери на државата.
Луисана и Мајкл стапија во брак во 2011 година и заедно имаат четири деца.