Coldplay имаат милиони фанови низ светот, а многу од нив имаа споделено како нивната музика им помогнала низ тешки периоди од животот.
Дилан Боде е еден од нив. Песните на британскиот рок бенд го разбудиле од кома во која се нашол по „трагичен инцидент“ пред осум месеци. Откако го напишал тоа на плаката која ја држел за време на концертот на Coldplay во Нов Зеланд, Дилан бил поканет на сцената да запее со Крис Мартин.
„Твојата музика ме разбуди од кома! Може ли да пееме за оваа ‘Магија’ заедно?“ – стоеше на неговиот знак.
Видеото од моментот кога заедно ја изведоа „Magic“ стана вирален хит на социјалните мрежи, по што Боде доби можност да ја раскаже својата емотивна приказна.
EMOCIONANTE!
— Forum Coldplay ꩜ (@forumcoldplay) November 16, 2024
Durante a segunda noite de #ColdplayAuckland, Chris Martin convidou ao palco um fã que levou um cartaz dizendo que acordou de um coma com a ajuda das músicas do Coldplay. O fã Dylan Bode viveu um momento único cantando ‘Magic’ ao lado de Chris. pic.twitter.com/NOh5JAKGqu
Боде е фан на машката група од 8-годишна возраст, но ниту во најлудите соништа не очекувал дека некогаш ќе добие можност да пее со нив.
Животот на Дилан се променил по инцидент пред 8 месеци кога срцето му запрело на 5 минути и си ја удрил главата. Тој бил во кома 4 дена. Докторите ги викнале неговите најблиски за да ги прашаат што би можеле да направат за да му биде поудобно, а тие веднаш им одговориле дека треба да му пуштат музика од Coldplay. Околу 24 часа подоцна, тој започнал да ги дава првите знаци на живот, свирејќи пијано во воздухот.
„Тоа го промени целиот тек на моето лекување. Сите се вратија во мојата соба, докторите, невролозите, сите... Тие рекоа дека ќе преживеам“ – раскажал Дилан.