Фановите на делата на Колин Хувер ќе се израдуваат на уште една убава вест.
По филмската адаптација на книгата „Ова завршува со нас“, сега популарниот роман „Верити“ добива филмска верзија.
Ен Хетавеј ќе влезе во главната улога, портретирајќи ја легендарната авторка Верити Крафорд. Филмот ќе биде режиран од Мајкл Шовалтер.
Ловен е авторка на раб на финансиска катастрофа кога прифаќа една од оние понуди што доаѓаат еднаш во животот. Џереми Крафорд, сопруг на легендарната авторка Верити Крафорд, ја ангажира Ловен да ги доврши останатите книги во успешен серијал кој неговата сериозно повредена сопруга не може да го заврши.
Ловен пристигнува во нивниот дом во кој треба да ги разгледа и истражи сите забелешки и осмислени концепти во канцеларијата на Верити, надевајќи се дека ќе најде доволно материјали за да почне со пишување. Но, она што Ловен не го очекува е пронаоѓањето на недовршена автобиографија во хаотичната канцеларија, што Верити немала намера никој да ја прочита. Таа автобиографија е полна со грозоморни признанија, а едно од тие признанија е и приказната што навистина се случило дента кога умрела ќерка ѝ.