Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 1.478 тестирања, а има 168 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 110
- Кавадарци и Кочани – по 9
- Гевгелија – 7
- Битола – 5
- Куманово, Прилеп и Охрид – по 3
- Струга, Неготино, Македонски Брод и Дојран – по 2
- Тетово, Гостивар, Струмица, Кичево, Свети Николе, Ресен, Берово, Делчево, Виница, Богданци и Демир Хисар – по 1
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 7 починати лица: 4 од Скопје (71г, 69г, 59г и 55г) и по едно од Велес (67г), Струмица (65г), Штип (77г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Регистрирани сe 275 оздравени пациенти од:
- Скопје – 90
- Битола – 26
- Прилеп – 24
- Кавадарци – 22
- Берово – 18
- Струмица – 13
- Кочани – 11
- Тетово – 10
- Велес – 7
- Валандово – 6
- Куманово, Неготино и Радовиш – по 5
- Гевгелија – 4
- Штип, Крива Паланка, Делчево, Кратово и Пехчево – по 3
- Виница, Пробиштип, Крушево и Македонски Брод – по 2
- Гостивар, Свети Николе, Ресен, Дебар, Богданци и Демир Хисар – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 218.362, бројот на оздравени пациенти е 204.960, на починати е 7.695, а бројот на активни случаи изнесува 5.707.