Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 1.549 тестирања, а има 153 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 108
- Куманово – 12
- Прилеп – 9
- Кавадарци – 6
- Битола – 5
- Крива Паланка – 4
- Виница – 2
- Струмица, Кичево, Неготино, Свети Николе, Берово, Делчево и Пробиштип – по 1
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 11 починати лица: по 2 од Прилеп (54г и 63г), Кавадарци (49г и 70г), и Демир Хисар (74г и 77г) и по едно од Скопје (69г), Кичево (58г), Битола (61г), Гевгелија (69г) и Велес (79г). Сите се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени две починати лица со датум на смрт од 22.10.2021 до 30.10.2021. Тие се од Скопје и Крива Паланка на возраст од 61 до 80 години.
Регистрирани сe 309 оздравени пациенти од:
- Скопје – 120
- Куманово и Велес – по 26
- Кочани – 20
- Штип – 18
- Кавадарци – 16
- Прилеп – 13
- Битола – 11
- Тетово – 9
- Македонска Каменица – 7
- Крива Паланка и Свети Николе – по 6
- Гостивар – 4
- Струмица, Кичево и Берово – по 3
- Виница, Неготино,Делчево, Пробиштип, Гевгелија, Валандово и Кратово – по 2
- Ресен,Крушево, Демир Хисар и Пехчево – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 202.705, бројот на оздравени пациенти е 188.849, на починати е 7.145, а бројот на активни случаи изнесува 6.711.