Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 1.766 тестирања, а има 127 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 90
- Охрид – 9
- Битола и Штип – по 6
- Кавадарци – 4
- Струмица – 3
- Прилеп, Ресен и Виница – по 2
- Куманово, Кичево и Струга – по 1
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 6 починати лица: 2 од Скопје (74г и 85г) и по едно од Кавадарци (78г), Кичево (84г), Неготино (71г) и Штип (63г). Сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 4 лица, починати во период од 22.11-18.12.2021 година. Тие се од Тетово (2), Гостивар (1) и Струга (1) и на возраст од 48г до 75г, а се починати во болнички услови.
Регистриран e 261 оздравен пациент од:
- Скопје – 132
- Прилеп – 28
- Битола – 17
- Струмица – 10
- Куманово – 9
- Кочани – 8
- Крива Паланка и Валандово – по 7
- Штип и Пробиштип – по 5
- Тетово и Делчево – по 4
- Кавадарци, Кичево, Велес, Радовиш и Кратово – по 3
- Ресен, Гевгелија, Богданци и Македонски Брод – по 2
- Неготино и Македонска Каменица – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 221.411, бројот на оздравени пациенти е 208.209, на починати е 7.825, а бројот на активни случаи изнесува 5.377.