Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 2.723 тестирања, а има 11 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 5
- Тетово – 3
- Битола, Берово и Пехчево – по 1.
Пријавено е 1 починато лице од Македонски Брод (43г).
Регистрирани се 4 оздравени пациенти од:
- Скопје и Битола – по 2.
Досега во земјата се направени вкупно 884.593 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.700, бројката на оздравени пациенти е 150.067, на починати е 5.486, а бројот на активни случаи изнесува 147.