Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 7.932 тестирања, а има 1.171 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 641
- Битола – 134
- Охрид – 54
- Прилеп – 48
- Куманово – 39
- Кавадарци – 34
- Штип – 33
- Гостивар – 26
- Струмица – 23
- Тетово – 21
- Велес – 20
- Крушево – 16
- Кочани – 14
- Гевгелија – 13
- Кичево и Струга – по 8
- Крива Паланка и Ресен – по 6
- Виница – 5
- Неготино и Пробиштип – по 4
- Свети Николе и Берово – по 3
- Демир Хисар и Дојран – по 2
- Валандово, Кратово, Богданци, и Македонски Брод – по 1
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 6 починати лица: 4 од Скопје (69г, 77г, 84г и 91г) и по едно од Битола (78г) и Валандово (77г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 4 лица, по едно лице од Кичево, Гостивар, Тетово и Куманово, починати во период од 16.12.2021 до 05.01.2022г. Починатите се на возраст од 48 години до 83 години. Од пријавените 2 лица се починати во болнички услови и 2 во домашни услови.
Регистрирани сe 204 оздравени пациенти од:
- Скопје – 120
- Битола – 23
- Гевгелија – 9
- Ресен – 8
- Прилеп и Кочани – по 6
- Кавадарци и Велес – по 5
- Куманово, Струга и Македонски Брод – по 4
- Охрид – 3
- Штип – 2
- Струмица, Кичево, Неготино, Свети Николе и Богданци – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 231.436, бројот на оздравени пациенти е 214.258, на починати е 8.012, а бројот на активни случаи изнесува 9.166.