Почетна » Здравје » Интимно » „Зошто ми доцни?“ Причини за доцнење на менструацијата кога не сте бремени

„Зошто ми доцни?“ Причини за доцнење на менструацијата кога не сте бремени

Доцнењето на менструацијата може да предизвика невидена паника или пак незамислива среќа. Жените кои се обидуваат да станат мајки со радост би го прифатиле доцнењето на менструалниот период, но сите други не би биле ни најмалку воодушевени.

Загрижена жена

Бременоста не е единствената причина за доцнење на менструалното крварење. Многу фактори влијаат на циклусот и можат да ја поместат менструацијата која е клучна за репродуктивното женско здравје. Еве што може да доведе до одложување на менструалниот период:

  1. Стрес. Стресот влијае на нормалното ниво на хормони во организмот и може да ја одложи овулацијата, а оттаму и менструацијата. Големите промени во начинот на живот и стресните настани (преселување, развод, проблеми на работното место и смрт или болест во семејството) го зголемуваат нивото на кортизол, стрес хормон во телото, којшто влијае врз секрецијата на хормоните естроген и прогестерон. Промената во нивоата на хормоните може да ја одложи менструацијата.
  2. Драстични промени во телесната тежина. Ако во последно време сте вовеле строги рестрикции во исхраната и брзо сте ја намалиле тежината, или пак, прекумерно сте јаделе и брзо сте качиле вишок килограми, можно е да се соочите со нередовна менструација. Брзите и значителни промени во телесната тежина може да предизвикаат хормонален дисбаланс во организмот и да влијаат врз редовноста на менструалните периоди. Шансите за доцнење на менструацијата се зголемуваат и ако имате екстремно ниска или прекумерна телесна тежина.
  3. Нарушувања во исхраната. Одредени состојби поврзани со нарушувања во исхраната, како булимија или анорексија, сериозно влијаат на редовноста на менструалните периоди.
  4. Премногу напорно вежбање. Вежбањето носи купишта здравствени придобивки, но ако сте жена, умереноста е исклучително важна. Физичкиот стрес предизвикан од напорното и интензивно вежбање често предизвикува нарушување на балансот на хормони. Нередовните менструации се многу честа појава кај спортистките.
  5. Возраста. Постојат два периода во животот на жените кои се карактеризираат со нередовни менструации:
    • Пубертет. Нередовните циклуси се карактеристични за адолесценцијата. Првите менструации кај повеќето тинејџерки се нередовни – некогаш започнуваат порано, некогаш подоцна; понекогаш траат подолго, а понекогаш пократко. Во некои случаи се потребни и по неколку години за хормоните кои ја контролираат менструацијата да постигнат баланс.
    • Перименопауза и менопауза. Промените во редовноста на менструацијата често се знак дека наближува менопаузата. Преодот кон менопаузата, кој се нарекува перименопауза, се карактеризира со непредвидливи менструални циклуси. Менопаузата настапува откако ќе поминат 12 месеца од последната менструација.
  6. Одредени здравствени состојби како:
  7. Болест, операција и примање на лекови или контрацептивни таблети. Некои лекови и таблетите за контрацепција предизвикуваат одложување на менструацијата или пак промени во времетраењето на крварењето. Во поретки случаи може да дојде до целосно прекинување на циклусите. Исто така, за нередовна менструација може да придонесе и појавата на посериозна болест, хронично заболување или одредена хируршка интервенција.
  8. Доење или високо ниво на пролактин. Абнормално високото ниво на пролактин во организмот може да доведе до нередовни менструации или отсуство на менструално крварење. Многу доилки немаат редовна менструација сè додека не престанат да дојат.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19749 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.