Имате болни менструации?
Во Шпанија жените имаат право на платено менструално боледување од 3 дена, со можност за продолжување до 5, доколку се соочуваат со болни циклуси. Минатата недела, шпанската влада го одобри предлог-законот кој на жените им гарантира право на менструално боледување, со што стана прва таква земја во Европа.

Право на менструално боледување од 3 дена имаат жените кои страдаат од грчеви, вртоглавици или гадење, а во потешките случаи тоа може да се продолжи до 5 дена. Боледувањето го препишува доктор и не важи за лицата со блага нелагодност.
Слични закони веќе постојат во Јужна Кореја, Јапонија, Замбија и Индонезија.
Болните менструации или дисменореја се јавува кај повеќе од половината од жените и траат околу два дена. Лицата со посериозни случаи на дисменореја се спречени да работат поради силните билки, а оние коишто одат на работа, не можат нормално да ги извршуваат своите обврски.