Почетна » Новости » Занимливости » Атлетичарка доби менструација сред триатлон, фотографијата стана хит, а таа испрати важна порака

Атлетичарка доби менструација сред триатлон, фотографијата стана хит, а таа испрати важна порака

Фотографија од атлетичарка неодамна привлече големо внимание на социјалните мрежи.

Ема Палант-Браун стана хит, но не затоа што заврши на четвртото место на триатлонот PTO European Open на Ибица, туку затоа што доби менструација за време на истиот. Ема носеше розов едноделен костим за капење, па не беше тешко да се забележи менструалната крв на него.

Ема Палант-Браун

Нејзин колега, кој исто така се натпреварува на триатлони, ја сподели фотографијата од Ема и напиша: „Ова не е најпривлечна фотографија од Ема, сигурно можеле да ја сечат малку подобро“.

Ема Палант-Браун

Неговиот Twitter пост брзо се распространи и го привлече вниманието на британската атлетичарка, која му возврати:

„Ти благодарам за твојата грижа, но јас не се срамам да зборувам за ова, бидејќи тоа е реалноста на жените во спортот. Менструација ми доаѓа секој месец и има денови кога е многу обилна. Се молам тоа да не е кога се натпреварувам, но понекогаш тоа се совпаѓа. Без разлика каков тампон користам, ниту еден не издржува повеќе од 3 часа. Па, исто како што некој може да има проблеми со цревата за време на трката, и јас морам да издржам, да го дадам најдоброто од себе и да не се плашам да зборувам со жените со истиот проблем“.

Ема Палант-Браун Ема Палант-Браун

Подоцна, Ема ја објави фотографијата на својот профил заедно со важна порака за реалноста на сите жени, а особено на спортистките.

„Ги славиме неверојатните жени во спортот и еднакво неверојатните мажи кои ги поддржуваат. Поласкана сум од бројот на пораки кои ги добив и од мажи и од жени за негламурозната реалност на натпреварувањето за време на менструација.“

„Ова е вистински женски спорт и колку повеќе бариери ќе срушиме, толку подобро.“

„Идејата да се преправи фотографијата значи дека има нешто погрешно на неа. Ако ми напишавте порака дека 99% од жените кои ги знаете би биле преплашени од ова, тогаш токму поради тоа го споделувам ова, бидејќи навистина нема ништо погрешно. Тоа е нешто природно...“ – напиша таа.

Ема Палант-Браун Ема Палант-Браун Ема Палант-Браун

Триатлонот PTO European Open вклучува 2 км пливање, 80,2 км возење велосипед и 17,8 км трчање.

Ема Палант-Браун

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20787 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.