Почетна » Здравје » Интимно » 7 митови поврзани со менструацијата

7 митови поврзани со менструацијата

Секоја жена којашто не е бремена или во менопауза, минува низ менструален циклус што завршува со менструација. Како што е случај и со многу други појави, така и со менструацијата, луѓето со текот на годините пренесуваат од колено на колено многу тврдења кои се сметаат за вистинити, а не се.

Замислена женаAко имате незаштитен секс за време на менструација, може да останете бремена

Еве кои се најчестите митови поврзани со менструацијата и вистината што се крие зад секој од нив.

Не можете да останете бремена за време на менструација.

Ова е најверојатно еден од најраспространетите митови. Иако шансите за тоа се многу мали, сепак можете да останете бремена ако имате незаштитен секс за време на менструација. Теоретски не постојат безбедни денови во кои можете да бидете сигурни дека ќе избегнете бременост. Спремата може да живее во женското тело и до една седмица, па ако имате рана овулација, ништо нема да ѝ попречи на спермата да стигне до вашата јајце-клетка.

Менструалниот циклус трае 28 дена.

Времетраењето на менструалниот циклус кај секоја жена е различно. Во просек се смета дека трае 28 дена, но некои жени имаат пократок, а некои подолг менструален циклус, којшто може да варира од 24 до 36 дена. Овој мит придонесува многу жени да сметаат дека им доцни менструацијата, затоа што очекуваат да им дојде на 28-миот ден. Ако редовно водите евиденција за вашиот циклус, подобро ќе можете да го разберете и точно ќе знаете дали ви доцни или не.

Ако сте под стрес кога ви доцни, уште повеќе ќе ја одложите менструацијата.

Да, стресот влијае врз менструацијата, затоа што може да ја одложи овулацијата. Но, откако ќе созрее јајце-клетката, т.е. ќе настапи овулација, времето кое ќе измине до појавата на менструација многу малку варира од еден циклус до друг. Со други зборови, многу е поголема веројатноста вашата менструација да биде одложена поради стрес во почетокот на циклусот, отколку кон крајот.

Не треба да пливате додека трае вашата менструација.

Менструацијата не треба да ви попречува во извршувањето на вашите секојдневни активности. Доколку немате силни болки и сакате да пливате – само напред. Употребата на тампони денес им овозможува на многу жени да се чувствуваат безгрижно за време на „оној период од месецот“.

Ако сте девица, не можете да користите тампони.

Можете да користите тампон, без разлика дали до тој момент сте имале секс или не. Сè додека ги поставувате правилно и ги менувате редовно, не постои причина зошто да не ги употребувате. Пред употреба, не заборавајте да го прочитате упатството.

За време на менструација се губи многу крв.

Иако изгледа дека со менструацијата се губи крв, во просек една жена губи само 4-12 кафени лажички крв. Се разбира, оваа количина варира кај различните жени. Ако сметате дека вашата менструација е многу обилна, консултирајте се со гинеколог.

Не е здраво да имате секс за време на менструација.

Доколку вие и вашиот партнер немате проблеми со крварењето и се чувствувате комотно, нема никаква причина да немате секс за време на менструација. Всушност, оргазмот може да ви помогне да ги намалите болките при менструација. Но, внимавајте на хигиената, затоа што жените се посклони кон инфекции за време на менструацијата.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20943 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.