Почетна » Здравје » Заболувања » Аклуофобија – страв од темнината

Аклуофобија – страв од темнината

Што е аклуофобија?

Аклуофобијата е ирационален страв од темнина. Оваа фобија е застапена и кај децата и кај возрасните, но повеќе кај жените, отколку кај мажите.

Аклуфобијата е позната и како никтофобија и литофобија. Зборот аклуофобија доаѓа од зборот „achluo“ што значи темнина и грчкиот збор „pathos“ што значи страв.

Страв од темнина
Аклуофобијата е ирационален страв од темнина и е застапен повеќе кај жените, отколку кај мажите.

Луѓето кои што страдаат од оваа фобија, веднаш откако ќе останат на темно место, најчесто си замислуваат духови, вампири или злобни нешта, кои се обидуваат да ги повредат. Овие луѓе се плашат поради фактот што не можат да гледаат добро што се случува околу нив и во секој момент очекуваат нешто да излезе пред или зад нив.

Кои се симптомите на аклуофобијата?

Симптомите на фобијата од темнина се индивидуални т.е. варираат од човек до човек. Некои луѓе кога ќе се најдат во темно место се чувствуваат неудобно и почнуваат да потат. Но, има и луѓе кои многу посериозно го доживуваат стравот од темнина, премногу се возбудуваат и добиваат напади на паника. Други симптоми кои можат да се појават кај луѓето кои страдаат од аклуофобија се:

  • Сува уста;
  • Напнатост во мускулите;
  • Гушење и недостаток на воздух;
  • Неконтролирано тресење;
  • Забрзан срцев ритам;
  • Чувство дека немаат контрола;
  • Чувство дека се заробени и немаат излез.

Што ја предизвикува фобијата од темнина?

Постојат повеќе причини кои можат да го предизвикаат развивањето на фобијата од темнина. Понекогаш оваа фобија е резултат на специфична ситуација (траума), која се случила во минатото, и сега личноста се плаши да не му се повтори таа ситуација. Во други случаи, аклуофобијата се јавува спонтано, рефлектира потсвесен страв и потоа сè повеќе се изразува.

Луѓето кои се плашат од темнина често спијат со запалено светло, одбиваат да шетаат ноќе или низ темна куќа или соба.

Дијагностицирање и лекување

Повеќето луѓе кои страдаат од аклуофобија сами си го дијагностицираат овој страв. Тие разбираат дека нивниот страв е ирационален и дека им попречува во извршувањето на одредени активности. Некои од нив се учат како да живеат со тој страв, а некои бараат стручна помош.

На потешките случаи со аклуофобија им се препорачуваат лекови, но тоа не е конечно решение за оваа фобија. Разговорите со стручно лице може да им помогнат на секој за да се соочи со темнината и да го победи стравот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19761 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.