Почетна » Новости » Истражувања » Фобиите ќе се лечат со инекција?

Фобиите ќе се лечат со инекција?

Инекција

Многу луѓе страдаат од некој вид на фобија – страв од пајаци, змии, височина и сл. За среќа, научниците веруваат дека во иднина фобиите ќе се лекуваат само со инекција.

Тим јапонски научници откриле дека мозокот може да биде „репрограмиран“ и да преодолее некои од основните стравови. Тие велат дека токму поради фактот што стравот е стекнато чувство, можат да го исклучат делот од мозокот кој ги создава тие емоции со помош на инекција.

„Еден ден нашите ирационални стравови ќе бидат минато. Замислете, ако се плашите од пајаци, височина или летање, ќе може да бидете излечени со инекција - нашето истражување покажува дека еден ден тоа ќе биде реалност“ – изјавил проф. Masayuki Yoshida, раководител на истражувањето, спроведено на Универзитетот во Хирошима.

Првичните истражувања покажале дека златните рипки кои примиле доза од лекот лидокаин (локален анестетик), ја изгубиле способноста да се плашат. Но, кога дејството на анестезијата ќе исчезнело, рибите повторно станувале плашливи.

Сепак, научниците веруваат дека со понатамошни истражувања може да се открие повеќе за биолошките и хемиските процеси кои нè принудуваат да се плашиме, затоа што мозокот на рибите е сличен на мозокот на цицачите.

Истражувачите веруваат дека пронаоѓањето на ваков тип лек за фобии ќе им помогне на стотици илјади луѓе кои што секојдневно страдаат од хронични фобии.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19736 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.